Фабрика за преработка на овошје и зеленчук
Нашата фабрика започна со преработка на овошје и зеленчук во 2000 година. Започнавме како мала фабрика со преработка на само дел од земјоделските култури кои ги поседува нашето подрачје. После позитивните резултати од првите години и прифатеноста од страна на потрошувачите нашето производствено оделение почна да се шири со нови машини за преработка.
Природна и здрава храна
Задржувајќи ја традицијата на нашите претци во вредните раце на нашите домаќинки и домаќини, а користејќи ја современата технологија, создадовме природна и здрава храна за сегашните и идни генерации.
Традиција и квалитет
Произведуваме вкусна традиционална и природна здрава храна користејќи најсовремени машини и начини. Нашите производи се направени по сите меѓународни стандарди за квалитет на преработка на храна.
Колешино и Колешкиот водопад
Колешино е едно од најубавите села во Македонија. Колешкиот водопад, кој се наоѓа во непосредна близина на селото е природна убавина и реткост. Дело на природата кое мора да го посетите.




За нас
Контакт, прашања, подетални информации за нас, нашите производи и услуги.